Европската комисија објави дека 70% од возрасните во ЕУ се целосно вакцинирани против коронавирус.
„Вкупно, повеќе од 256 милиони возрасни во ЕУ се целосно вакцинирани“, се вели во соопштението на комисијата.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен изјави дека целосната вакцинација на 70% од возрасните во ЕУ, веќе во август, е голем успех.
„Заедничката стратегија за напредок на ЕУ се исплатеше и ја става Европа во првите редови во глобалната борба против Ковид-19. Но, пандемијата не е завршена. Ги повикувам сите што можат да се вакцинираат. Мора да му помогнеме на остатокот од светот да се вакцинира“, нагласи Фон дер Лајен.

