Само едно лице вчера било казнето на подрачјето на општина Куманово поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (30.08/31.08.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 3 лица не ја почитувале, информираат од кумановската полиција.
Како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, од издадените прекршочни налози, еден е на подрачјето на Кумановo и 2 во Кратово.
Против нив, како шо додаваат од полицијат,а се поднесени соодветни поднесоци.
Никола Ивановски

