Бугарија на прво место во ЕУ по бројот на смртни случаи од ковид

Сподели со своите пријатели

Според најновите податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс, Бугарија е на прво место во ЕУ по бројот на пациенти починати од последиците од корона вирусот.

Loading...

Според податоците за минатата недела, во Бугарија се регистрирани 5,3 смртни случаи на милион жители, веднаш потоа Грција и Литванија, пренесува порталот Новините.

Поради зголемениот број случаи, главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев предложи воведување поригорозни мерки, според кои сите јавни настани како што се концерти, саеми, музика и други фестивали, како и конференции и натпревари се прекинати.

Ограничувањата не се применуваат кога целиот персонал е вакциниран или е негативно тестиран за Ковид-19.

Работата на рестораните е дозволена, но само надвор и со половина капацитет, а од вработените се бара и вакцинација.

Во трговските центри, дозволено е присуство на едно лице на осум квадратни метри.