Во Канбера продолжен локдаунот за уште две недели

Сподели со своите пријатели

Канбера го продолжи строгото заклучување за уште две недели, бидејќи главниот град на Австралија се обидува да го спречи зголемувањето на инфекциите предизвикани од високо заразниот делта сој на корона вирусот.

Loading...

Голем дел од источниот брег на Австралија со недели беше под строги ограничувања, што ја погоди локалната економија, а случаите на новозаразени продолжуваат да растат, што ја натера Канбера да остане под блокада барем до 17 септември, објави Ројтерс.

„Ја свиткуваме кривата надолу. Сепак, тоа е бавен процес и ќе потрае повеќе време”, изјави за новинарите министерот задолжен за територијата на австралиската престолнина, Ендрју Бартолд.

Канбера денеска пријави 13 нови случаи во изминатите 24 часа.

Нов Јужен Велс пријави 1.164 нови инфекции, нешто помалку од рекордните 1.290 случаи претходниот ден.

Канбера е во локдаун веќе три недели по ширењето на инфекцијата од Нов Јужен Велс.

Последното продолжување на заклучувањето во Канбера се очекува да биде проследено со сличен потег на втората најнаселена австралиска држава.

Сојузната држава Викторија, која беше во локдаун пет недели, денеска пријави 76 нови случаи во последните 24 часа, што е малку повеќе од 73 случаи пријавени претходниот ден.

Loading...

Од почетокот на пандемијата, Австралија регистрираше речиси 54,000 случаи на „Ковид-19“ и 1,006 смртни случаи.