Рускиот федерален центар за истражување „Чумаков“ за истражување и развој на имунолошки и биолошки производи може да направи нова вакцина против делта варијанта на корона вирусот во рок од една година, изјави директорот на Центарот, Аидар Ишумахаметов.
„За една година“, изјави овој функционер за телевизијата „Раша тудеј“, одговарајќи на прашањето кога може да се направи новата вакцина.
Тој спомена дека вакцината „ковивак“ развиена од „Чумаков“ е 80 проценти ефикасна против делта сојот.
– Постигнуваме 80 проценти од одговорот на антителата, затоа е неопходно да се вакцинираме со она што е сега достапно и никогаш да не чекаме нешто ново. Моменталниот арсенал на достапни вакцини против корона вирусот мора целосно да се искористи сега – нагласи Ишумухаметов.
Делта варијантата за првпат беше откриена во Индија во октомври минатата година. Варијантата Делта плус се смета дека е уште позаразна.