Американските сили биле предупредени за претстојниот напад со „голем број жртви“, 24 часа пред самоубиствениот бомбашки напад во близина на аеродромот во Кабул минатиот четврток, пренесува Би – Би – Си, повикувајќи се на медиумски извештаи.
Повикувајќи се на доверливи белешки од состанокот во Пентагон, „Политико“ објави дека генералот Марк Мили, началник на Здружениот штаб на американските вооружени сили, им рекол на командантите дека има „сериозни“ разузнавачки информации за нападот врз огранокот на т.н. Исламска држава, ИД-К.
Во извештајот се додава дека американските власти планирале да ја затворат портата на опатијата на влезот на аеродромот, каде што се случи самоубиствениот напад.
Американските сили ја држеа портата отворена подолго од очекуваното, за да им овозможат на Британците безбедно да го евакуираат персоналот од блискиот хотел Берон, додава Политико.
Во нападот загинаа повеќе од 170 авганистански цивили, 13 припадници на американската армија, како и тројца британски државјани.