Пет лица вчера во Куманово биле казнети поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (29.08/30.08.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 8 лица не ја почитувале, информираат од кумановската полиција.
Од вкупниот број издадени прекршочни налози, 5 се на подрачјето на Кумановo и 3 во Крива Паланка.
Против нив, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, се поднесени соодветни поднесоци.
Никола Ивановски

