Бидејќи евакуацијата од Кабул се намалува во наредните денови поради истекот на рокот за повлекување на американските војници од Авганистан, „поголема криза допрва почнува“ за Авганистан и неговите 39 милиони жители, објави денеска УНХЦР.
Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди го повтори својот повик границите да останат отворени и повеќе земји да ја делат „хуманитарната одговорност“ со Иран и Пакистан за 500.000 Авганистанци, кои се очекува да го напуштат Авганистан до крајот на годината.
Иран и Пакистан веќе примија околу 2,2 милиони Авганистанци.
„Воздушниот транспорт за евакуација од Кабул ќе заврши за неколку дена, а трагедијата што се случи веќе нема да биде толку видлива, но сепак ќе биде секојдневна реалност за милиони Авганистанци. Далеку поголемата криза допрва започнува “, објави Гранди.

