Владите на Европската унија мора да напредуваат со европските сили за брза реакција, со цел да бидат подобро подготвени за идните кризи, како онаа во Авганистан, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борељ.
Борељ рече дека поради забрзаното распоредување американски војници во Авганистан, се покажа дека на Европската унија и треба да ги забрза напорите за изградба на заедничка одбранбена политика, пишува Ројтерс.
„Мораме да извлечеме поуки од ова искуство бидејќи не успеавме да испратиме 6.000 војници околу аеродромот во Кабул за да ја обезбедат областа, а тоа го направија САД“, рече Борељ.
Борељ додаде дека 27-те членки на ЕУ треба да имаат „почетна сила“ од 5.000 војници и дека „тие мора да бидат способни брзо да реагираат“.

