Нема жртви во пожарот што проголта цела зграда во Милано

Сподели со своите пријатели

Италијанските власти соопштија дека нема индикации дека некој исчезнал во пожарот што уништи станбена зграда во Милано.

Пожарникарите го изгаснаа пожарот во текот на ноќта, пријавени се неколку случаи на вдишување чад, но нема сериозни повреди или смртни случаи.

Пожарот го пријавил станар на 15 -ти кат, кој го вклучил алармот и ги предупредил соседите да се евакуираат навреме.

Меѓу станарите на зградата е италијанскиот рапер Алесандро Махмуд, победник на музичкиот фестивал во Санремо во 2019 година.

Станарите велат дека пожарот брзо се проширил на фасадата, која требало да биде отпорна на пожар.

Причината за пожарот се уште не е позната.

Зградата висока 60 метри била дизајнирана да личи на трупот на бродот и на покривот имал алуминиумско едро, кое гореше и паѓаше на улица во делови.

Голем облак од црн чад беше видлив од растојание од неколку километри.