Во среда почнува учебната година, со маски, дистанца и дезинфекција

Сподели со своите пријатели

Со маски, дезинфекција и физичко растојание, во среда започнува учебната 2021/2022 година за сите основци и средношколци на подрачјето на општина Куманово, која ќе се одвива со физичко присуство.

Сепак, наставата ќе се одвива под строги протоколи утврдени од страна на Комисијата за заразни болести, а изгласани од Владата според кои

Ослободени може да бидат ученици со ретки болести или попречености, деца од семејства со хронични болести, по барање од родителите, како и од други немедицински причини со дозвола на училиштето.

 

 

Според протоколите, наставата со физичко присуство ќе трае 40 минути за основците, а 45 минути за средношколците, и секое училишта ќе води евиденција на дневна основа за присуството на наставниците кои на работа ќе мора да дојдат најмалку половина час пред да започне наставата.

– Се е подготвено, наставата ќе биде со физичко присутво како што е одлуката на Министерството за образование и наука и според веќе предвидени протоколи. Часовите ќе се по 45 минути, се ќе биде како нормална настава само со почитување на протоколите, вели Драган Јаневски, директор на техничкото училиште „Наце Буѓони“ Куманово.

Во оваа училиште од среда физичката настава почнува за 1.857 ученици, од кои 871 ќе посетуваат настава на македонски и 986 на албански наставен јазик, распоредени во 73 паралелки.

Според протоколите, секое училиште за пристигнување и заминување на паралелките од и во училиштето, за смените и користење на одморите ќе треба да изготвува распоред. Малиот одмор ќе трае пет минути измеѓу часовите, додека големиот одмор од 15 до 20 минути. За тој период треба да се почитуваат мерките за заштита согласно протоколите и што е можно повеќе да се намали физичкиот контакт меѓу учениците.

 

 

За време на големиот одмор кога учениците ќе бидат во училишниот двор, задолжително ќе се спроведува чистење на училниците со вода и сапин или детергент, како и дезинфекциско средство.

Наставата во средните училишта ќе започнува во 07:30 часот за прва, односно 13:30 часот за втора смена.

На првиот ден од наставата учениците ќе ги добијат сите упатства како правилно и безбедно да се однесуваат, како да ги носат маските, да одржуваат физичка дистанца, хигиена на рацете и заштита на сопственото, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштата.

Влегувањето во училиште ќе го контролира редар, како и користењето средства за дезинфекција и носење заштитни маски, кои нема да бидат задолжителни за користење на отворен простор, но да се почитува мерката за растојание.

Пред да влезат во училиштето на вработените и учениците ќе им биде измерена телесна температура, која доколку биде повисока од 37,4 степени ќе бидат упатени на преглед кај матичен лекар. Деца со знаци на други заразни болести не смеат да доаѓаат на училиште.

 

 

Родителите не смеат да влегуваат во училиштата, освен родители или старатели на деца со посебни образовни потреби.

Забранети се сите видови физички контакти и поздрави меѓу учениците и вработените.

Употреба на спортска сала и библиотеки се препорачува да биде само од одредена група ученици, односно лица од исто одделение. Употребата на тоалети се организира со присуство на помал број ученици и дистанца, што значи дека ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор додека не излезе тој што е внатре.

Доколку во училиштето се појави заболен од Ковид-19 или лице кое имало контакт со заболен, треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење заштитна маска, а директорот треба да воспостави контакт со Центарот за јавно здравје за да добие понатамошни насоки за постапување.

 

 

Ако ученик развие симптоми на Ковид-10 додека е во училиште, наставникот го изолира во посебна просторија со задолжително носење маска и веднаш ги известува родителите кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација со матичен лекар.

Доколку се потврди дека ученик е заболен од Ковид-19, се следат протоколите од Министерството за здравство за тој ученик, а училиштето се консултира со Центарот за јавно здравје за антамошно постапување на целата паралелка на ученикот.

Никола Ивановски