Благ пораст на водостојот на Пчиња, но и натаму далеку од просекот

Сподели со своите пријатели

Водостојот на реката Пчиња бележи благо зголемување во однос на изминатиот период, покажуваат последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Четиринаесет сантиметри покажала мерната станица на УХМР утринава во 07:30 часот во атарот на селото Пелинце, што е благ пораст во однос на 10те сантиметри колку што изнесуваше водостојот скоро целиот месец.

Сепак, ова и натаму е далеку под просекот за овој период од годината кој изнесува 32 сантиметри.

Никола Ивановски