Британскиот премиер Борис Џонсон смета дека е можно дипломатско признавање на Талибанците од Западот, но дека ова радикално движење во Авганистан би требало да исполни голем број услови.
– Ако новиот режим во Кабул сака дипломатско признавање или одмрзнување на милијарди долари кои се замрзнати во моментов, ќе мора да обезбеди безбеден премин за оние кои сакаат да ја напуштат земјата, да ги почитуваат правата на жените и девојчињата и да го спречат Авганистан да повторно да стане инкубатор за глобален тероризам, бидејќи тоа би било катастрофално за Авганистан – ја цитираше новинската агенција ПА изјавата на Џонсон.
Заедно со нашите сојузници во Америка и Европа и низ целиот свет, ќе се справиме со Талибанците, не врз основа на она што тие го велат, туку врз основа на она што го прават, рече британскиот премиер.

