Макрон: Дијалог со талибанците не значи дека ги признаваме

Сподели со своите пријатели

„Дијалогот со Талибанците не значи дека ги признаваме“, рече францускиот претседател Емануел Макрон.

„Овој дијалог (со Талибанците) е неопходен поради евакуација. Талибанците го контролираат Кабул и територијата на Авганистан, па затоа мора да водиме разговори. Но, тоа не значи дека ги препознаваме. Ние ги утврдивме условите за нив“, рече Макрон во неделата за француската телевизија ТФ1.

Според Макрон, условите наметнати на Талибанците се однесуваат на почитување на човековите права и „достоинството на Авганистанките“, објави ТАСС.

Макрон во саботата потврди дека Франција започна преговори со Талибанците за хуманитарни операции и продолжување на евакуацијата од Авганистан.