Во текот на изминатата недела (23.08 – 30.08) бројот на нови случаи во Куманово е 405, а активните случаи во Куманово се зголемени и нивниот број изнесува 898, заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство.
Вкупно 405 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела.
Тоа е минимално намалување ако се земе предвид дека неделата претходно во Куманово биле регистрирани 441 случаи и пред точно седум дена бројот на активни случаи изнесувал 715.

Во изминатата недела битката со вирусот ја загубиле 14 лица од Куманово и Липково, исто колку и неделата претходно.
Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во вторник, вкупно 98.
Досега оздравени во Куманово се вкупно 8.831 од лицата кои биле позитивни на вирусот.
Вкупно 386 пациенти од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот, со што е на четврто место зад Скопје, Прилеп и Тетово.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 10.113 случаи позитивни на коронавирусот со што е на второто место во државата според бројот на заразени, веднаш по Скопје со 75.239 случаи.
Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 14.360 случаи во целата држава. Пред Куманово во однос на активни случаи се Скопје, Тетово и Гостивар.
На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 175.330 случаи, од кои во моментот се активни 14.360. Излекувани се 155.101, а починати 5.869 пациенти.

Никола Ивановски
Извор: Министерство за здравство и gdi-sk

