Ослободете се од чадот од тутун на природен начин!
Ако барем еден член од вашето семејство редовно консумира цигари, непријатниот мирис на тутун ќе остане трајна „арома“ во просторот.
Еве неколку трикови како да се ослободите од чадот од тутун на природен начин.
Oцет
Белиот вински оцет е дефинитивно еден од најдобрите неутрализатори на чадот од цигарите. Подгответе мешавина од топла вода и оцет, а потоа исчистете ги сите површини со крпа. Избришете ги масите, полиците и другите места за складирање.
Можете исто така да ги избришете подовите, прозорците. Ако мирисот на тутунот е многу интензивен, можете да истурете оцет во чаша што останува преку ноќ во собата.
Сода
Содата ставете ја во сад, кој потоа ќе го ставите во зоната за пушење. Можете исто така да прскате сода на подот и да ја оставите 24 часа, а потоа едноставно да ја исчистите со правосмукалка. На овој начин можете да се ослободите од мирисите од теписите, мебелот и фотелјите.
Мирисот на цитрус
На брз начин ќе се ослободите од мирисот со помош на портокали и лимон, ефикасно и природно. Излупете ги, поделете ги на парчиња, а потоа наредете ги на помали чинии. Ставете ги низ целиот стан и оставете ги да се исушат. Пријатен мирис наскоро ќе го исполни просторот.