Рекорден број заразени во Австралија

Сподели со своите пријатели

Австралија денеска објави рекордни 1.126 нови случаи на коронавирус, претежно во Нов Јужен Велс, епицентарот на пандемијата предизвикана од делта сојот на вирусот.

Loading...

Во најнаселената федерална држава во Австралија, чиј главен град е Сиднеј, пријавени се 1.035 случаи на ковид-19, соборувајќи црн рекорд од 1.029 случаи регистрирани во четвртокот.

Сојузната држава Викторија пријави 64 случаи, претежно во главниот град Мелбурн и територијата на австралиската престолнина, каде што се наоѓа Канбера, изјави австралискиот службеник Мајкл Кид на брифингот со новинарите.

И покрај рекордниот број случаи во Нов Јужен Велс, владата на конзервативната Либерална партија објави дека следниот месец ќе олесни одредени рестриктивни мерки и ќе дозволи свадби со пет гости, пренесува Ројтерс.