Јапонија ја повлече оваа вакцина откако две лица починале

Сподели со своите пријатели

Две лица починале откако примиле вакцини на компанијата Модерна против ковид-19, кои подоцна беа повлечени по откривањето дека се контаминирани, објави денеска јапонското Министерство за здравство.

Loading...

Мажите на возраст од 30-тина години починале овој месец само неколку дена откако добиле втора доза Модерна, соопшти министерството, пренесува Ројтерс.

Двајцата мажи примиле вакцини од пратки што биле повлечени поради контаминација, а точната причина за нивната смрт сѐ уште се истражува.

Јапонија ја суспендираше употребата на 1,63 милиони дози Модерна доставени до 863 центри за вакцинација низ целата земја, повеќе од една недела откако домашната дистрибутивна компанија Такеда Фармацевтик доби предупредување за контаминација на одреден број шишиња.

Владата на Јапонија и компанијата Модерна објавија дека суспензијата е само мерка на претпазливост, но се верува дека вакцините се контаминирани со метални честички, пренесува јапонскиот јавен сервис НХК, повикувајќи се на извори од Министерството за здравство.