Ураганот Ида го погоди брегот на Куба, продолжува кон Мексиканскиот залив

Сподели со своите пријатели

Ураганот Ида ја погоди Куба. По островот Младост, кој најпрво беше погоден од ураганот, Ида се прошири на западниот дел од островот со брзина од 128 км/ч, тргнувајќи кон Мексиканскиот Залив.

Loading...

Националниот центар за урагани предвидува дека Ида ќе се засили во екстремно опасен ураган од категорија 4, со брзина до 225 километри на час, пред да слета на брегот на Мексиканскиот Залив во неделата вечерта.

Кубанската влада издаде предупредување за ураган во најзападните провинции, каде синоптичарите очекуваат обилни дождови што можат да предизвикаат смртоносни поплави и свлечишта.