Иако „пуштањето гулаби“ е сосема нормално, сепак се смета за непристојно тоа да се прави во јавност, па обично секој се воздржува кога е во друштво.
Меѓутоа, една жена гледала на ова како можност да заработи сериозна сума пари.
„Кралицата на прдежот“, како што самата се нарекува, во документарец објасни дека еднаш ја контактирал маж, кој ја замолил да испушта гасови и да се снима по тој повод.
Се испоставило дека е една од нејзините најпопуларни снимки, а потоа некој ѝ понуди пари за тоа, и така започнало сѐ.
„Го правам тоа веќе три години и постојано добивам барања. Си помислив, луѓето ми плаќаат да го направам тоа и јас ќе го сторам тоа”, вели таа.
Таа, исто така, истакнува дека инаку е нетолерантна кон лактоза, поради што нејзиниот стомак „полудува“ кога внесува млечни производи, а за да предизвика гласно прдење, јаде разни сирења.
Самопрогласената „кралица на прдежот“ наплаќа 175 долари за едно испуштање гас, и истакнува дека заработила најмногу 4.000 долари за еден ден.
Откако се занимава со ова, според нејзините сопствени зборови, заработила околу 25.000 долари.
Патем, не само што се снима додека испушта гасови, туку, на пример, ги продава и своите гасови затворени во тегла (?!).
View this post on Instagram