Лариса единствена го преживеала сударот на два авиона, загинал нејзиниот сопруг и 36 други луѓе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Советската студентка Лариса Савичка и нејзиниот сопруг Владимир се враќале на денешен ден во 1981 година од својот меден месец од Комсомолск-на-Амур во Благовешченск, на крајниот исток на Русија.

Loading...

Додека летале над Завитинск, нивниот патнички авион „Аерофлот Ан-24РВ“ се судрил во воздух со стратешкиот бомбардер „Туполев Ту-16К“ на височина од 5.220 метри, при што загинале вкупно 37 лица, пишува Russia Beyond.

 

 

Лариса Савичка била единствената која преживеала осумминутен пад на земја. Покрај тоа, таа била спасена три дена по несреќата – имала само потрес на мозокот, скршеница на раката и реброто и помали повреди на ‘рбетот.

Во интервју  во 2002 година, таа рече дека никој не очекувал да ги најде преживеаните и дека веќе ја чека подготвена гробница.

Воените обвинители изјавија дека пилотите на двата авиони се виновни за несреќата.

Loading...

Првите извештаи за несреќата во советскиот печат беа цензурирани – беше наведено дека Савичка се урнала во домашна едрилица. Савичка за несреќата за прв пат отворено зборуваше во 2001 година. „Аерофлот“ и плати надомест во износ од 75 советски рубли или 20 долари.

 

https://youtu.be/66WcyD7XX7U