Албанската влада одлучи да прими авганистански државјани кои ја напуштија својата земја откако Талибанците ја презедоа контролата.
Loading...
Исто така, беше донесена одлука за формирање работна група за бегалци од Авганистан, предводена од министерот за Европа и надворешни работи, Олто Џачки, пренесува Албаниан дејли њуз.
Авганистанците ќе бидат под заштита на Албанија една година, а премиерот Еди Рама очекува дека во Албанија ќе пристигнат околу 4.000 Авганистанци.
Планот е првата група да се насели во Берат.