Денеска посвежо, попладне можна нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде малку посвежо особено во северните делови и ќе преовладува променливо облачно време со изолирана појава на повремен пороен дожд со грмежи, краткотрајно и како невреме со засилен ветер, и појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во западните делови ќе дува повремено засилен ветер од западен до југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент седум.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе услови за нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и електрични празнења.

Ќе дува слаб северен, односно северозападен ветер. Температурата низ кумановско денеска ќе се движи од 13 степени во утринските часови до максимални 23 во текот на денот.

 

 

Од утре потоа ќе биде претежно стабилно и за време на викендот ќе има услови за краткотрајна изолирана нестабилност во планините.

 

Никола Ивановски