Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска презентираше 16 имиња на кандидати за градоначалници на претстојните локални избори со што вкупно досега имаат 50 кандидат за општините низ државата, но и денеска не го соопштија името на кандидатот за најголемата општина Куманово
– По завршените анализи испитувања теренски на јавното мислење, по спроведени истржаувања внатре во органите на партијата и констулатиции со 82 илјади ченови на партијата, Извршниот одбор продолжи со носење одлуки во претходната вечер и утврди 16 нови кандидати за градоначалници од СДСМ со што веќе имаме утврдено 50 кандидати и имаме утврден и сугрен победник во градот Скопје, рече генералниот секретар на партијата Љупчи Николовски.
На прашањето дали имало жестока дебата за кандидат на Куманово, Николовски вели дека дебата имало за секоја општина.
– Не е точко дека имало жестока дебата, имаше дебата за секоја општина поединечно за сите истражувања, внатрепартиски, членството како гласаше, во некои во општините ги повторуваме анкетите. Во Куманово, Крива Паланка, Кочани, Битола, Центар, Карпош СДСМ победува со било кој од нашите утврдени кандидати пред било кој кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Вчера се дискутираше за сите вредности и политики, за тоа кандидатите на СДСМ мора да ги прифатат поликитие и вредностите за кои се бориме, НАТО, ЕУ, моторот и движечки сили на промените, рече Николовски.
До крајот на месецот, како што рече тој, се очекува нов состанок на партиските органи и ќе се излезе со уште кандидати.
Актуелниот градоначалник Максим Димитриевски во изјава за Слободен Печат вели дека очекува да го подджи партијата.
– Подршката од граѓаните е мотив повеќе за мене да очекувам кандидатура, како и да е, на крајот изборот го прават граѓаните. Сметам дека започнуваме да го менуваме ликот на Куманово, и заедно со мојот тим планираме тоа да го продолжам и во вториот мандат, и градот да го трансформираме во еден модерен и урбан центар по европски терк – изјави Димитриевски за „Слободен печат“.
Но, кадидатура освен него поднесоа и актуелниот пратеник и претседател на локгалниот огранок на партијата Мартин Костовски, секретарот на општинската организација и директор на АД „Водостопанство Кумановско-липковско поле“ Оливер Илиевски, како и актуелната претседателка на Советот Атина Мургашанска.
Кадидатите на СДСМ што Николоваски ги промовираше денеска се:
Прилеп – Горан Сугаревски
Свети Николе – Сашо Велковски
Карпош – Душко Весковски
Тетово – Хенди Алезовиќ
Аеродром – Александар Филиповски
Сопиште – Сашо Стојановски
Јегуновце – Дарко Блажевски
Кавадарци – Горан Тодоров
Кратово – Влатко Бојковски
Чешиново – Горан Крстев
Зрновци – Виктор Ангелов
Илинден – Александар Тодоровски
Демир Хисар – Стевче Митревски
Велес – Ненад Коциќ
Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 17 октомври.
Никола Ивановски

