Ова е единствено место во Италија каде не постојат автомобили (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Има само еден начин да се стигне до ова село.

Loading...

Лоциранo на врвот на величествената алпска висорамнина, на 1.815 метри надморска височина, е Шамои.

Тоа е првото и единствено село во Италија каде што нема автомобили, ниту пак можат да стигнат до овој скапоцен камен.

Иако прашањата за одржлив развој сѐ уште не беа популарен концепт во 1955 година, локалните жители не подлегнале на предизвиците на напредокот во тоа време и одлучиле да изградат жичарница, која е единственото превозно средство за да стигнат до селото.

Сите 99 жители на ова место се уште се горди на тогашната одлука, пренесува Би – Би – Си.