Девојче од Русија, која нема ни две години, е пронајдена четири дена откако се изгубила во шумата.
Људа Кузина залутала од својот дом во регионот Смоленск западно од Москва, што довело до масовна потрага во која биле вклучени стотици луѓе.
Девојчето било без храна и вода, но за среќа била пронајдена жива четири дена подоцна откако ја слушнале како лелека. Ја каснале инсекти, но била среќна што повторно била во прегратките на мајка си.
– Таа рече дека повеќе нема да бега од мајка си, иако не знам колку долго ќе го памети тоа ветување – изјавила нејзината мајка Антонина Кузина за весникот Комсомолскаја правда, пренесува Би -Би -Си.
По пронаоѓањето девојчето било однесено во болница.
Људа исчезнала откако таа го напуштила семејниот дом минатиот вторник. Играла надвор со својата сестра (4), но залутала во блиската шума додека нејзината мајка била со соседката.
Околу 400 доброволци и полицајци го барале девојчето. Тие не знаеја ништо за неа четири дена, додека една група не направи пауза за да се одмори околу четири милји подалеку од дома. Потоа слушнаа врева.
„Четвртиот ден ја најдоа во гранките под дрво“, рекла мајката.