Помеѓу август 2020 и јули 2021 година, 10.476 квадратни километри дождовна шума беа изгубени во Амазон.
Сечењето на шумите во бразилскиот Амазон го достигна највисокото годишно ниво во последната деценија, покажа новиот извештај.
Помеѓу август 2020 и јули 2021 година, 10.476 квадратни километри дождовни шуми исчезнаа во Амазон, област 13 пати поголема од Њујорк, според студијата на Имазон, бразилски истражувачки институт кој го следи уништувањето на шумите во Амазон од 2008 година.
Таа бројка е 57 проценти повисока од претходната година и најлоша од 2012 година.
„Пошумувањето е надвор од контрола“, изјави Карлос Суза, од Имазон, за Гардијан. „Бразил се противи на глобалната агенда за климата, што подразбира итно намалување на емисиите на стакленички гасови“, додаде тој.
Суза ја повика владата итно да реагира со цел да се запре уништувањето на шумите. Една од акциите што ги побара беше да се следи повторно незаконското уништување на шумите, што се влоши кога се намалија средствата за Министерството за животна средина и агенциите кои се занимаваат со заштита на животната средина.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој честопати е цел на обвинувања за систематско спречување на спроведувањето на процедурите за заштита на животната средина, испрати илјадници војници да се борат против илегалната сеча и пожарите.
Тоа не е доволно, вели Марсио Астрини, секретар на Климатската опсерваторија.
„Податоците покажуваат дека пропадна. Ниту една воена операција не може да ги маскира или промени нападите на федералната влада врз шумата”, рече тој.
Астрини вели дека се очекува стапката на дефорестизација во цела 2021 година да биде речиси 50 проценти повисока отколку во 2018 година, кога Болсонаро дојде на власт.
Во јуни, тогашниот министер за животна средина, Рикардо Салес, поднесе оставка по обвинувањата дека спречил полициска истрага за нелегалната сеча на Амазон.
Астрини вели дека и покрај тоа, министерството не направило многу за да го запре уништувањето на шумите на „белите дробови на светот“.
Новите податоци беа објавени во време кога пратениците размислуваа за промена на политиката кон климатските промени и природната средина.
„Поминуваме низ тежок период во бразилската историја. Има многу негирања и многу обиди да ја ослабиме нашата борба за заштита на животната средина”, рече сенаторот Елисиан Гама на дебатата.