Силна бура во Венецуела: 15 лица загинаа, 8.000 домови уништени

Сподели со своите пријатели

Најмалку 15 лица загинаа во невремето што го погоди западниот дел на Венецуела, објавија денеска локалните власти.

Loading...

Повеќе од 35.000 луѓе беа „директно погодени“ во 11 држави, додека повеќе од 8.000 домови беа уништени во невремето, рече венецуелскиот претседател Николас Мадуро во говорот емитуван на телевизија.

Според тамошните власти, сезона на дождови во Венецуела е во полн ек и дождот ќе продолжи да паѓа во следните десет дена.

Националниот институт за метеорологија и хидрологија издаде предупредување со кое се предвидува зголемување на нивото на реките во најмалку шест венецуелски држави.