За еден ден, за прв пат од јануари, Израел регистрираше скоро 10.000 нови инфекции со коронавирус.
Ова е скок во споредба со минатата недела, иако количината на тестирање исто така е зголемена.
Според министерството, 6,63 проценти од нешто помалку од 153.000 тестови биле позитивни во последните 24 часа. Дванаесет луѓе починаа од вирусот, а бројот на сериозно болни лица се намали на 678, пренесува dpa.
Највисок процент на нови инфекции сѐ уште е забележан кај деца до деветгодишна возраст.
Од јуни, бројот на нови случаи во Израел повторно значително се зголеми.
Кон крајот на јули, Израел стана првата земја во светот што одобри трета доза од вакцината.
Речиси 17 проценти од населението веќе ја прими третата доза.