Израелски војници убија 15-годишен Палестинец

Сподели со своите пријатели

Израелските војници убија утрово 15-годишен Палестинец, додека тој очигледно се обидувал да фрли тежок предмет од покривот на зградата врз војник кој стоел подолу во бегалскиот камп Балата, во близина на Наблус на Западниот брег.

Loading...

Момчето брзо било пренесено во болница во тој град, каде што била констатирана смрт, пренесуваат палестинските медиуми.

Палестинското министерство за здравство објави дека жртвата Калед Хашаш починала откако бил застрелан во главата.

Израелската армија соопшти дека Палестинците пукале врз израелски војници, фрлале цигли и други предмети од покривите на куќите за време на акцијата за апсење во бегалскиот камп и дека војниците возвратиле на огнот.

Во конфликтот нема повредени војници, а осомничениот за вмешаност во „терористички активности“ е приведен, се додава во соопштението.

Од почетокот на мај, припадниците на израелските сили убиле повеќе од 40 Палестинци.

Во еден инцидент загина 12-годишно момче, а израелските војници рекоа дека очигледно се работи за погрешна идентификација.

Локалните Палестинци даваат силен отпор за време на ноќните апсења на окупираниот Западен Брег, главно фрлајќи камња и молотови коктели, ретко користејќи боева муниција.

Loading...

Претходно овој месец, командантот на израелската армија Авив Кохави рече дека нема да се толерира непромислено непочитување на човечките животи поради големото зголемување на бројот на убиени Палестинци на Западниот брег, објавија израелските медиуми.