УХМР со најава за локално невреме со обилен дожд, ветер, грмежи и град

Сподели со своите пријатели

Денес кон крајот на денот и утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре и во четврток ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец.

Изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја ќе има и во четврток.

Од УХМР, препорачуваат. во случај на појава на електрични празнења поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Никола Ивановски