Патничката на авиокомпанијата „Рајанер“, Ејми Вудс, купила сендвич за 5,5 евра, а за тие пари добила речиси празна кифла со две тенки парчиња печеница, што предизвикало револт и кај неа и кај корисниците на социјалните мрежи.
Фотографијата на нејзиниот профил на Твитер ја сподели лице по име Лиз Нуџент, која не напиша од каде патува нејзината пријателка и во кој град.
Таа само потсмевачки додаде дека тоа е уникатно „кулинарско искуство“, додека Ејми призна дека и онака го изела „сендвичот“ затоа што била многу гладна.
Порталот „Инди100“ побара коментар од компанијата „Рајанер“, но се уште не го добиле.
My pal @AimeeWoods21 paid €5.50 for this ‘bacon sandwich’ @Ryanair today. I’m trying to figure out if it qualifies. pic.twitter.com/ADSbVYgyw4
— Liz Nugent (@lizzienugent) August 20, 2021