Повеќето луѓе, ако одлучат да се истетовираат, ќе истетовираат нешто што им изгледа убаво или има некое посебно значење и порака. ТикТокерката Бека Мили неодамна истетовирала фигура која прегрнува „ангел чувар“ на нејзиниот грб, но на сите следбеници тоа не им изгледаше баш така …
Иако на прв поглед сликата со ангелот е невина, но многумина видоа жена која сексуално задоволува друго лице.
– Разбирам што гледате, смешно е, но не се мешајте повеќе, доволно беше … – рече Тиктокерка. Подоцна, таа сними уште едно видео во кое вели дека веќе добила еден куп совети како може да ја „среди“ тетоважата, и дека секој што има идеја треба да ја контактира. Нејзиното видео е лајкувано повеќе од 500.000 пати и има над 8.000 коментари.
– На прв поглед не разбрав што е проблемот, но сега гледам само секс – напишала една корисничка, а друга додала дека сликата „засекогаш ќе остане во нејзината глава“.
@bekah.millyDM me on Instagram at @bekahmilly #tattoofail #coverup #contest♬ original sound – Bekah Milly