Снимката од гром што го погоди врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Њујорк многу брзо се рашири на социјалните мрежи додека бурата Хенри се приближи до североистокот на САД.
Силниот дожд што бурата го носи со себе, предизвика штета во неколку држави. На милиони луѓе им е кажано да се подготват за поплави, а се очекуваат соборени дрвја и далноводи.
„Центарот за тропска бура „Хенри“ стигна до копното покрај брегот на американската држава Род Ајленд, околу 12,15 часот по локално време“, објавија американските медиуми.
Десетици илјади домаќинства останаа без електрична енергија, а дождот доведе до поројни поплави на источниот брег на САД од државата Њу Џерси до Масачусетс.
Бурата ослабна и се пресели од категоријата урагани во тропска бура, но ветерот сѐ уште има јачина до 110 километри на час.
Една од најстрашните снимки од оваа бура споделена од медиумите е моментот кога гром го погоди самиот врв на зградата на Светскиот трговски центар во Њујорк.
Погледнете како тоа изгледаше: