Бајден одобри федерална помош за Тенеси поради поплавите

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден прогласи состојба на катастрофа во сојузната држава Тенеси и нареди федерална помош, откако најмалку 21 лице загинаа за време на рекордните дождови и поплави викендов, објави Белата куќа.

Loading...

Претседателот нареди федерална помош за локалните напори за спасување, а исто така ќе обезбеди средства за ранливите луѓе во округот Хамфрис, Тенеси, соопшти Белата куќа, пренесува Ројтерс.

Најмалку 21 лице загина во катастрофалните поплави во Тенеси во саботата, а спасувачките екипи трагаат по уште десетици луѓе кои се водат како исчезнати во поплавите што уништија куќи, автомобили, патишта и комунални столбови во руралните области.

Во саботата паднаа до 43 сантиметри дожд во округот Хамфрис, со што беше соборен рекордот на Тенеси за еднодневни врнежи за повеќе од осум сантиметри, објави Националната метеоролошка служба.