Талибанците повторно зазедоа три области во северен Авганистан, кои од минатата недела ги држеа локалните анти-талибански групи, изјави денеска портпаролот на Талибанците, Забинула Муџахид.
Областите Бано, Дех Салех и Пул е-Хесар во провинцијата Баглан беа под контрола на локалните анти-талибански групи, што беше еден од првите знаци на вооружен отпор кон Талибанците по нивното заземање на главниот град Кабул на 15 август, пренесува Ројтерс.
Доцна во неделата, талибанската новинска служба Алемара објави дека стотици борци се движат кон Пенџаб, но не беше потврдено дека има борби.
Забинула Муџахид рече дека преминот Саланг, на главниот автопат што води од југот на Авганистан кон север, бил отворен и дека непријателските сили биле блокирани во долината Пенџаб, така што неговата изјава исто така сугерира дека нема борби, додава Ројтерс.