Две момчиња во американската сојузна држава Тексас возеле автомобил од автопатот и побарале помош откако нивниот татко бил застрелан во главата додека возел автомобил во петокот околу 23 часот.
Браќата, чиј идентитет не се открива, на возраст од 6 и 8 години, морале да ја преземат контролата врз автомобилот на нивниот татко, кога куршум од непознат стрелец го убил 29-годишниот возач на лице место.
Момчињата успеале да го тргнат возилото од автопатот и да стигнат до паркингот во трговскиот центар во Хјустон, Тексас, каде едното момче потрчало за помош, додека другото останало со својот убиен татко.
Властите засега не знаат што довело до смртоносното пукање.
„Не знаеме дали се работи за убиство по договор или несреќа“, изјави портпаролот на полицијата во Хјустон, Џон Канон.
Полицијата бара информации за патничко возило со бела боја, кое можеби било вмешано во убиството. Жртвата била прогласена за мртва на лице место.
Неговите синови не се повредени.