Нов Зеланд повторно го продолжи „локдаунот“

Сподели со своите пријатели

Владата на Нов Зеланд денеска повторно го продолжи затворањето низ целата земја, бидејќи бројот на заразени со коронавирусот се зголеми.

Loading...

Премиерката Jacасинда Ардерн предупреди дека новиот бран на инфекција со делта вартијнта на коронавирусот не го достигна својот врв.

Таа рече дека е премногу рано да се укинат ограничувањата бидејќи првиот локален случај на „Ковид-19“ се случи во жител на Окленд минатата недела.

Мерката за затворање ќе биде на сила до петок низ целата земја, и до 31 август во Окленд. Бројот на заразени се искачи на 107.

Досега, Нов Зеланд, кој има пет милиони жители, успешно се бореше со епидемијата и само 26 луѓе починаа од корона вирусот.

Околу 20 проценти од населението во Нов Зеланд е вакцинирано против коронавирусот.