Бајден: Ќе ги поддржам санкциите против Талибанците

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден вечерва изјави дека ќе ги поддржи санкциите против Талибанците, што Велика Британија има намера да ги иницира на утрешниот состанок на Г7.

Loading...

На новинарско прашање во Белата куќа, дали ќе ги поддржи санкциите против Талибанците, Бајден одговори потврдно.

„Одговорот е да. Тоа зависи од нивните постапки”, рекол Бајден, пренесува ABC News.

Тој додаде дека, кога станува збор за односите на САД со Талибанците, тој чека да ги види следните чекори на таа група.

„Талибанците рекоа дека сакаат легитимитет, а ние ќе видиме дали мислеле на тоа или не. Тие бараат легитимитет за да видат дали тие ќе бидат или нема да бидат признаени од други држави”, објасни Бајден, додавајќи дека засега тоа е само разговори.

На прашањето дали ќе го продолжи рокот за повлекување на американските војници од Авганистан, кој истекува на 31 август, Бајден рече дека се надева дека нема да има потреба од негово продолжување.