Русија планира да воспостави офшор зона на Курилските Острови

Сподели со своите пријатели

Русија има намера да формира слободна даночна зона на Курилските острови, изјави вицепремиерот Јуриј Трутнев во интервју за весникот РБЦ.

Loading...

Курилските острови се наоѓаат на рускиот Далечен Исток во близина на полуостровот Камчатка.

„Тоа практично би било офшор зона. Со други зборови, речиси и да нема да останат даноци на Курилските острови”, откри тој, додавајќи дека ниту компаниите, ниту луѓето што ќе вршат инвестиции и комерцијални активности на островите нема да мора да плаќаат данок , пренесува Раша Тудеј.

Сѐ уште се разговара за точните износи на преостанатите такси што би се платиле, истакна Трутнев.

Тој, исто така, изјави дека било предложено да нема даночни инспекции во тој регион најмалку десет години.

Минатата недела, рускиот премиер Михаил Мишустин им нареди на надлежните органи да поднесат предлози за специјална даночна шема за Курилските острови до 1 септември.

Според текстот, организациите што работат на островите треба да бидат ослободени од плаќање данок на добивка, данок на додадена вредност (ДДВ), данок на имот, како и даноци за земјиште и транспорт. Покрај тоа, намерата е да се воведат пониски задолжителни плаќања за премии за осигурување по стапка од 7,6 проценти.

„Потребна е специјална инструкција за дополнителни мерки за поддршка на претприемачите во регионот Сахалин. Зборуваме за воведување посебен даночен режим на територијата на Курилските острови “, рече Мишустин, се наведува во соопштението на владината прес -служба.

Loading...

Според него, планот вклучува создавање слободна царинска зона на Курилските Острови, што е неопходна мерка за поддршка на производителите кои ќе увезуваат стока и опрема на островите.

Ќе остане на сила оданочувањето на поединци во однос на персоналниот данок на доход, како и данокот за производство на акцизни стоки, за уловот на рибарските вредни биолошки ресурси и за активностите за финансиско посредување.

Премиерот рече дека новите мерки се клучни за луѓето кои работат на Курилските острови, за да не губат време со пополнување документи и да имаат единствени економски услови поради климатските услови и работата на островите.