Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Јужните Сендвички Острови, во јужниот дел на Атлантскиот Океан.
Најблиската населба е оддалечена повеќе од 2.500 километри од епицентарот, пренесува агенцијата Тасс.
Земјотресот се случи на длабочина од 10 километри, објави Американскиот геолошки институт.

