Рускиот претседател Владимир Путин повика да се спречи доаѓањето на бегалци од Авганистан, меѓу кои би можеле да се кријат „маскирани борци“, откако Талибанците ќе ја преземат земјата.
Тој на состанокот со претставници на владејачката партија Единствена Русија рече дека западните партнери инсистираат на прифаќање бегалци во земјите од Централна Азија се додека не добијат виза за САД или други земји.
– Но, кој може да се скрие меѓу тие бегалци, како да знаеме – се запраша и процени дека стотици, односно стотици илјади, па дури и милиони луѓе би можеле да ја напуштат територијата на Авганистан.
Неколку поранешни советски републики во Централна Азија ја делат границата со Авганистан и Русија, истакна тој и рече дека на овој начин – борците маскирани како бегалци „можат да стигнат до руска територија“, заклучи Путин.
Русија – не ги сака тие елементи од Авганистан или други земји – истакна рускиот претседател и потсети дека неговата земја со години се бореше против екстремистичките герилци на Кавказ.
Авганистан ќе биде на дневен ред во понеделник на онлајн самитот на Организацијата за договор за колективна безбедност (ЦСТО), воена алијанса која обединува неколку поранешни советски републики, предводени од Русија.
Во петокот Путин оцени дека е многу важно да се спречи инфилтрација на терористи од соседните земји, вклучително и оние кои се претставуваат како бегалци.

