Последниот филм од серијата за агентот 007 требаше да дојде во кината во април минатата година, а потоа започна одложувањето на датумот на премиерата поради корона вирусот.
„No Time To Die“ е петтиот филм за Џејмс Бонд во кој глуми актерот Даниел Крег (53), кој дејствува како таен агент од 2006 година.
Филмот требаше да се појави во кината во април 2020 година, но премиерата беше одложена неколку пати поради пандемија на коронавирус.
Преку официјалниот Твитер Џејмс Бонд беше објавено дека светската премиера на филмот ќе се одржи на 28 септември годинава во Ројал Алберт Хол во Лондон. Филмот треба да биде достапен во кината неколку дена подоцна.
Мирор неодамна изјави дека организаторите на премиерата планираат да потрошат околу 10 милиони фунти за настанот.
Се зборуваше дека на Крег на црвениот тепих ќе му се придружат продуцентите Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи и режисерот Кари ЈоЈи Фукунага.
The World Premiere for #NoTimeToDie will take place on Tuesday 28 September 2021 at London’s @RoyalAlbertHall. Producers Michael G. Wilson, Barbara Broccoli and director Cary Joji Fukunaga will join Daniel Craig on the red carpet. pic.twitter.com/EhlCPira6f
— James Bond (@007) August 20, 2021