Во текот на изминатата недела (16.08 – 23.08) бројот на нови случаи во Куманово е 441, а активните случаи во Куманово се зголемени и нивниот број изнесува 715, заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство.
Вкупно 441 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела.

Тоа е огромно зголемување ако се земе предвид дека неделата претходно во Куманово биле регистрирани 246 случаи и пред точно седум дена бројот на активни случаи изнесувал 261.
Во изминатата недела битката со вирусот ја загубиле дури 14 лица од Куманово и Липково.
Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во среда, вкупно 84.
Досега оздравени во Куманово се вкупно 8.654 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Вкупно 374 пациенти од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот, со што е на четврто место зад Скопје, Прилеп и Тетово.
Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 9.742 случаи позитивни на коронавирусот со што е на второто место во државата според бројот на заразени, веднаш по Скопје со 73.019 случаи.
Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 11.106 случаи во целата држава. Пред Куманово во однос на активни случаи се Скопје, Тетово и Гостивар.

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 168.872 случаи, од кои во моментот се активни 5.761. Излекувани се 152.098, а починати 5.668 пациенти.
Никола Ивановски
Извор: Министерство за здравство и gdi-sk

