Дали лажечките полицајци се опасни за луѓето и дали треба да се отстранат?

Сподели со своите пријатели

Jа контролираат брзината, што е важно, но тие прават голема штета за здравјето на луѓето – смета британскиот политичар.

Loading...

Постојат многу подобри решенија од лажечките полицајци кога станува збор за спречување на брзо возење, не само за возачите, туку и за другите луѓе, смета британскиот политичар и парламентарец Филип Дезмонд од Корнвол, југозападно од Англија.

Дезмонд, кој инаку е задолжен за сообраќајни прашања, повторно го отвори прашањето за функционалноста на овој највообичаен хоризонтален сообраќаен метеж, што ги спречува возачите да „дивеат“ по градските улици. Тој смета дека лежечките полицајци треба да бидат отстранети од патиштата.

 

 

Тој тврди дека лежечките полицајци се опасни бидејќи возачите пред нив прво застануваат, а потоа повторно додаваат гас и на тој начин испуштаат голема и непотребна количина штетни издувни гасови, пренесува Јутарњи.

Како решение, тој предлага радари, подобра сигнализација и повисоки казни, а не физички пречки.

Loading...

– Мислам дека не е правилно сите одлуки да ги препуштаме на полицијата и сообраќајните експерти. Еколозите и другите научници дефинитивно треба да бидат вклучени во дискусијата – истакнува Филип Дезмонд.