Во црногорското етно село Брежна, започна 10-тиот јубилеен натпревар во лежење, единствен во светот.
Loading...
Кој ќе издржи најдолго на овој необичен натпревар, ќе добие награда од 300 евра.
Како што беше објавено на Фејсбук страницата на ова етно село, правилата за натпреварување се исти како и претходните години – уживање, спиење, читање книги, храна, пијалоци.
Сѐ е дозволено, освен станување, но за прв пат беше воведено правило кое им овозможува на конкурентите да одат во тоалет на секои осум часа.
Инаку, ова етно село се наоѓа на 34 километри од Никшиќ кон Плужине и е првото етно село во Црна Гора, основано на 20 мај 2006 година.