Ангела Меркел, канцеларката на Германија која наскоро ќе се пензионира, вчера беше во проштална посета на Руската Федерација, каде што се сретна со претседателот Владимир Путин.
Снимката од средбата на двајцата лидери, на која се гледа како на Меркел ѝ ѕвони мобилниот телефон, среде говорот на Путин, предизвика бројни реакции во светската јавност.
Канцеларката на Германија потргна, веднаш ја стави раката во џебот, го извади телефонот и го придуши тонот.
Путин продолжи да зборува без пауза, но, сепак, оваа неочекувана ситуација предизвика само мала насмевка.
Тој потоа ѝ рече на Ангела Меркел дека „ќе продолжат да бидат во постојан телефонски контакт“.
Меркел се однесуваше како ништо да не се случило.
Вован ЗЕ звонит фрау по мобильнику, переживает)
А Меркель так и не научилась ничему, таскает мобилу с собой. pic.twitter.com/8CBtsiOCza— Владимир З. (@VladZinen) August 20, 2021

