Неговата глава вреди 5 милиони долари: Најбараниот логистичар на Талибанците и Ал Каед се врати во Кабул

Сподели со своите пријатели

Калил ал Рахман Хакани, кој важеше за талибански лобист, човек кој собра пари од разни спонзори за движењето Талибан, основачот на мрежата Хакани и лице за кое САД објавија награда од 5 милиони долари за негово апсење, вратен е во Кабул по заземањето на тој град од страна на Талибанците.

САД се сомневаат дека Хакани обезбедил пари за талибанците во авганистанската провинција Логар на почетокот на 2010 година.

Во 2009 година, Халил беше едно од неколкуте лица одговорни за приведување затвореници заробени од талибанските и Хакани борците.

 

 

Халил добил наредби за талибански операции од неговиот внук Сираџудин Хакани. Халил исто така дејствувал во име на Ал Каеда и бил поврзан со терористичките операции на Ал Каеда. Во 2002 година, тој распоредил луѓе за да ги зајакне елементите на Ал Каеда во провинцијата Пактија.

Министерството за финансии на САД го прогласи Халил ал Рахман Хакани за специјално именуван глобален терорист според Извршниот налог 13224 од 9 февруари 2011 година.

 

На сликата што се појави на социјалните мрежи, Хакани позираше насмеан за време на состанокот со Гулбудин Хекметајр, политичар и поранешен муџахедински водач на движењето Хез е-Ислами, кој претходно имаше врски со Талибанците, и откако повторно го зазеде Кабул, му пријде на движењето.

Хакани денеска им се обрати и на членовите на ова движење во џамија во Кабул. До него имаше вооружена придружба.