Американската сојузна држава Калифорнија веќе го надмина количеството изгорено земјиште во споредба со минатата година – досега изгореа повеќе од 400.000 хектари, што постави негативен рекорд, а сега американскиот Запад влегува во период кога силните ветрови предизвикуваат смртоносни пожари.
– Тука сме – сѐ уште не е крајот на август, а големината, распределбата и уништувањето предизвикани од пожарите во текот на летото 2021 година, не покажуваат добро во наредните месеци. Историјата на пожарите во претходните две децении во западниот дел на САД е многу вознемирувачка – станува пожешка, пообилна и избиваат пожари – изјави историчарот Бил Деверел од Универзитетот во Јужна Калифорнија, кој предава за пожарите на Запад, пренесува АП.
Во повеќе од десетина големи пожари горат трева, грмушки и шуми во Калифорнија, кои се екстремно суви поради двегодишната суша, за што веројатно придонесоа климатските промени.
Пожарите, кои се случија главно во северниот дел на таа американска држава, изгореа 400.000 хектари земја или 5.180 квадратни километри.
Пожарот Дикси, најсилниот од сите што моментално гори и вториот најсилен во историјата на Калифорнија, го уништи историскиот град Гринвил и продолжува да им се заканува на илјадници домови на околу 280 километри североисточно од Сан Франциско.