MasterСard престанува да издава картички со магнетна лента

Сподели со своите пријатели

Mastercard објави дека ќе престане да издава картички за плаќање со магнетна лента на многу пазари од 2024 година, бидејќи се повеќе се користат чип картички и безконтактни платежни картички.

Loading...

Компанијата објави дека процесот ќе започне во Европа, каде што сите нови кредитни и дебитни картички на Mastercard ќе бидат издадени со чип, додека во САД, замената ќе започне во 2027 година.

 

 

До 2029 година, сите кредитни и дебитни картички на Mastercard ќе бидат без магнетни ленти, освен во случај на при – пејд картички во САД и Канада, додека до 2033 година ниту една од нивните активни картички нема да се базира на овој систем.

Магнетните ленти беа развиени од IBM во раните 1960 -ти, и тие им овозможија на банките да кодираат информации и да ги потврдат корисниците на платежни картички. До појавата на чип картичките, ова беше доминантен начин за чување информации на платежните картички.

Пред да се одлучи за овој потег, Mastercard спроведе големо истражување во декември минатата година, кое покажа дека повеќе од половина Американци претпочитаат да користат чип картички, а вториот тип на плаќање по популарност е преку безконтактни картички. Само 11 проценти од корисниците претпочитаат картички со магнетна лента.

Loading...

 

 

Исто така, во март оваа година, Mastercard започна пилот-проект со Samsung Electronic во Јужна Кореја со картички кои имаат вграден сензор за отпечатоци.

Овие картички не бараат ПИН или потпис, туку овластувањето се врши автоматски, со читање на отпечатокот од прст на самата картичка.